Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Струмичанец расчистувал кавга со пиштол, за среќа не испукал
На 17.07.2022 година околу 06:00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица, соопштија денеска од МВР.
Истиот ден околу 04:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен.
На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот.
Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми.
Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.