Струмичанецот Љафтов и наредната сезона ќе го носи дресот на Хебар од Пазарџик
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов и наредната сезона ќе го носи дресот на Хебар од Пазарџик, со кога минатата сезона го освои бугарскиот одбојкарски куп.
„Веќе четврта година сум во клубот, условите се одлични и структурите на клубот се најпрофесионално ниво. Уште од почетокот овде сум одличен прифатен и мора да потенцирам дека публиката е најдобра во цела Бугарија. Не ми требаше многу време да ја прифатам понудата, пред се заради близината, но и заради целиот колектив со кој се надевам дека заедно ќе се радуваме на нови успеси“ рече Љафтов.
Во својата богата кариера, Љафтов ги има носено дресовите хрватскиот клуб Младост Рибола, Соут Газ Копмани, Галатасарај, ПТТ Волеј во Турција, романската Стеауа, кипарскиот Анагениси, српскиот Раднички, како и македонскиот Џио Струмица.