„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмичкиот Црвен крст му се заблагодари на кроводаритетелот и мотиватор, Панче Николов
Претседателот на Општинската организација на Црвен Крст-Струмица, д-р Васил Тунев, денеска на еден од најстарите крводарители од Струмица и мотиватор, седумдесет и шестгодишниот Панче Николов, му врачи благодарница за неговата мисија за мотивирање на граѓаните да даруваат крв.
-Панче е многукратен дарител на крв, но тој и неговото семејство се и фамилијарни крводарители. Лани, неговиот брат Симе доби општинската награда за крводарителство. Тој, и покрај поодминатите години, е многу активен и ние се чувствуваме должни да му оддадеме признание, рече д-р Тунев.
Николов досега дарувал крв над 120 пати, а почнал уште како средношколец. Рече дека дарувањето крв е добро за здравјето, но сега заради возраста не може повеќе, но продолжува секојдевно со својата мотивирачка и хумана мисија меѓу граѓаните, а посебно меѓу младите.