fbpx

Струмичките пчели второпласирани на Пробиштипскиот маскенбал

 Струмичките пчели второпласирани на Пробиштипскиот маскенбал

Маската „Пчелин рај “ на ООУ „Видое Подгорец“ го освои второто место за најсупешна маска на Пробиштипскиот маскнебал, кој се одржа вчера.

Младите струмички карневалисти со настапот на оваа манифестација, прва по учеството на Струмичкиот карневал, уште еднаш потврдуваат дека успешно ја презентираат вековната струмичка карневалска традиција и се нејзини достојни наследници.

На Пробиштипскиот маскенбал учествуваа повеќе карневалски групи од земјава, а првото место го освоија радовишките „Газели“, а третопласирана е маската на училиште од Куманово.

Share via
Copy link