fbpx

Почина велосипедистот кој претпладне настрада на „Транзитот“

 Почина велосипедистот кој претпладне настрада на „Транзитот“

МВР попладнево инфрмираше дека велосипедистот кој претпладнево се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, а подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, починал.

Несреќата се случи денеска во 09:55 часот кога во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски” во Струмица, патничко возило „фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(18) од Струмица, со живеалиште во сeло Робово, удрило во велосипед управуван од П.Г.(75) од село Русиново, со живеалиште во Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link