„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица ќе се збратимува со Венеција
-Ја почнуваме постапката за збратимување со Венеција.Ќе вложиме максимални напори да направиме формална соработка со метрополата Венеција.Имаме многу точки на соработка, Струмичкиот карневал е една од нив, како и средновековието, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-На состанокот со претседателката на советот на Венеција, Ермелинда Дамиано разговаравме за многу аспекти и можности за соработка помеѓу нашите градови.Струмица преку Венеција до цел свет.Отвараме ново успешно поглавје мои сограѓани.Струмица ќе биде афирмирана во цел свет, напиша Костадинов.