„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица со 30 новозаразени и 11 оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 672 -Прилеп 70 -Куманово 62 -Битола 47-Велес 44 -Охрид 43 -Кавадарци 38-Неготино 36 -Гостивар 34-Тетово 32 –Струмица 30 -Кочани 21 -Штип 20 -Кичево 18 -Гевгелија 17 -Свети Николе 16 -Радовиш 13 -Ресен 12 -Струга 11-Валандово 9 -Берово 8 -Крива Паланка и Богданци по 7 -Пробиштип 6-Делчево и Македонски Брод по 5 -Виница и Крушево по 4 -Демир Хисар и Дојран по 3 -Дебар и Кратово по 1.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа:
7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани се 413 оздравени пациенти од:
-Кавадарци 113 -Скопје 67 -Неготино 62 -Прилеп 36 -Куманово 21 -Велес 18 -Тетово, Штип, Битола, Струмица-11 и Кочани 11 -Гостивар и Гевгелија по 9 -Демир Капија 5 -Свети Николе и Делчево по 3 -Ресен, Валандово, Богданци и Кратово по 2 -Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.