fbpx

Пронајдени 23 мигранти од Пакистан во радовишко Јаргулица

Вчера во 15:30 часот во атарот на село Јаргулица, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле 23 лица-мигранти од Пакистан.

Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.

Share via
Copy link