„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица со тројца новозаразени и оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 167 -Прилеп 37 -Кавадарци 33 -Охрид 17 -Велес 15 -Куманово 14 -Тетово 14 -Гостивар 12 -Неготино 12 -Штип 7 -Гевгелија 7 -Битола 6 -Струга 4 -Кратово 4 –Струмица 3 -Ресен 3 -Кочани 3 -Делчево 2 -Пробиштип 2 -Крушево 2 -Кичево 1 -Крива Паланка 1 -Берово 1 -Валандово 1.
Починати се 5 лица, 2 пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 202 оздравени пациенти од:
-Скопје 105, -Куманово 18 -Кавадарци 14 -Тетово 11-Штип 8 -Неготино 7 -Гевгелија 6 -Велес 5 -Кочани 5 -Гостивар 4-Крива Паланка 4 -Демир Капија 4 –Струмица 3 -Ресен 3 -Кичево 1 -Демир Хисар 1.
Досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.