fbpx

Струмица создава поволни услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици

 Струмица создава поволни услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици

Општина Струмица во континуитет го поттикнува локалниот економски развој преку создавање поволни услови за инвеститорите, соопштија денеска од Општина Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев со соработниците, денеска извршија увид во градежните активности  на парцелата од левата страна на излезот од Струмица кон Радовиш за подобрување на водоводната инфраструктура, односно премостување на водоводната мрежа.

По расчистувањето на теренот, ЈПКД „Комуналец“ почна со реконструкцијата на цевководите за чиста и техничка вода со што се обезбедуваат услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 8,7 милиони денари.

Share via
Copy link