fbpx

Академија Пандев поразена во Полска од Лехија со 4:1

 Академија Пандев поразена во Полска од Лехија со 4:1

Во квалификацискиот натпревар од Конференциската лига на Европа, Академија Пандев претрпе висок пораз на гостувањето во Гданск од Лехија со 4:1, (3:0).

Единствениот гол за „пандевци“ го постигна Јоковиќ во 81 минута од натпреварот, откако домаќините поведоа со високи 4:0.

На почетокот натпреварот беше во прекин повеќе од 30 минути откако полските навивачи меѓусебно се истепаа на трибините.

Реванш натпреварот е за седум денови во Струмица.

Share via
Copy link