„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
СВР-Струмица и градоначалникот утре на средба со банкарите
Секторот за внатрешни работи – Отсек за превенција – Струмица, ги поканува раководителите – одговорни лица на Банки на подрачјето на општина Струмица, утре 07.10.2020 година (среда) во 13,00 часот, во Дом на АРМ Струмица, да присуствуват на Советодавната група на граѓани-Струмица, организиран од градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски и Началникот на СВР-Струмица Танчо Пројковски, на тема: “Почитување на законите и протоколите од Владата на Република Северна Македонија“ .
Средбата со раководителите на Банките и со сите чинители надлежни за справување за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот – COVID 19 донесени од Владата на Република Северна Македонија ќе придонесе за заеднички координиран проактивен пристап во насока на намалување на последиците од Корона вирусот COVID 19 на подрачјето.