„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
СВР Струмица со апел до граѓаните да не се снабдуваат со бесправно исечено огревно дрво
Во овој период од годината граѓаните се снабдуваат со дрва за огрев на домаќинствата. Во изминатите години во овој период од годината беа констатирани појави кога граѓаните се снабдуваат со огревни дрва од физички лица кои ги доставуваат до нивните домови, без притоа да поседуваат соодветна документација за нив.
Секторот за внатрешни работи Струмица континуирано презема мерки за санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, па во првите 6 месеци од 2022 година, при преземање на такви мерки, се одземени 66 м/3 бесправно исечени огревни дрва, 13 патнички моторни возила, 13 запрежни возила, еден трактор, две тракторски приколки и една приколка за патничко моторно возило, а поднесени се и кривични пријави против 9 лица кои вршеле вакви кривични дела.
СВР Струмица и во иднина ќе продолжи со преземање на засилени мерки кон лицата кои вршат пустошење на шуми, повторно потсетувајќи дека ваквата појава е кривично дело и против сторителите кои ќе бидат затекнати при бесправна сеча на шуми ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните да не набавуваат огревни дрва без соодветна документација, бидејќи доколку во нивни дворни места бидат затекнати бесправно исечени огревни дрва, и против нив ќе бидат преземени законски мерки.