Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Пвредени 35 мигранти кај Марвинци откако излетал камионот во кој се превезувале
Вчера во 18:20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат М-1, во близина на клучка за село Марвинци, валандовско, товарно возило „сканија“ со приколка, со скопски регистерски ознаки, излетало од патот. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени 49 мигранти, кои според нивно кажување се од Сирија, информираа од СВР Струмица.
Во несреќата едно лице мигрант се здобило со тешки телесни повреди, а 34 се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медициските центри во Гевгелија и Струмица. Останатите лица мигранти се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.
Фото: архива