fbpx

Tags : Огражден

ЦУК:Повторно е активен пожарот на Огражден

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово извести дека Регионалниот ЦУК Струмица информирал дека шумскиот пожар на планината Огражден кај село Бадилен, Општина Ново Село е повторно активен. Пожарот се просира на непристапен терен и во текот на денот немало екипи за гаснење. Денеска ќе се планира екипа од ТППЕ Струмица да излезе на терен […]

Изгаснат е пожарот на Огражден

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираше дека пожарот на планината Огражден, кај село Баделен (Општина Ново Село) којшто вчера беше локализиран и изгаснат, дека веќе не е активен.

Се прошири пожарот на Огражден

Пожарот на Огражден, над селото Бадилен, кој гори веќе осум денови од синоќа се проширил, односно се префрлил на западната страна на планината. И денеска пожарот го гаснат два хеликоптери-еден српски и еден турски, како и припадници на ТППЕ Струмица и локално население. Фотографиите се од пожарникарот Атанас Чавковски од местото „Долгите борови“.

Во Југоистокот големи пожари на Огражден, над Радовиш и во

РЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал на ден 10.07.2024 година во 15:20 часот над село Бадилен (Општиа Ново Село) се уште е активен во кој гори дабова и борова шума но југозападната страна на пожарот е ликвидирана но во непристапни долови сеуште тлее и догорува напластен сув материјал. Во текот на вчерашниот денот дејствуваа […]

ТППЕ Струмица:Изгаснат е едниот крак од големиот пожар на Огражден

-Денеска во раните утрински часови, тим од седум пожарникари -спасители од ТППЕ Струмица учествува во гаснењето на големиот пожар на планината Огражден кој за неколку денови опустоши стотици хектари нискостеблеста дабова и борова шума. Теренот е крајно непристапен, но сепак тимот успеа да се доближи до самото жариште на пожарот, објавија струмичките пожарникари. -Гаснењето е […]

Утрово почна да се гаси планинскиот пожар на Огражден

Утрово започнува гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. -Бидејки се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од […]

Втор ден голем пожар на Огражден, наближува кон границата со

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот кој избувнал вчера во попладневните часови на планината Огражден над селото Бадилен, во граничниот појас, се шири кон границата со Бугарија, зафаќајќи борова и дабова шума. Заради непристапниот терен пожарот утре ќе се гасне со хеликоптери или авионите „Ер трактор“, а екипа од десет пожарникари […]

Нова планинарска патека на Огражден – Од браната Иловица до

Нова планинарска патека што стартува кај браната Иловица и се протега до местото Преслоп, промовираше планинарскиот спортски клуб „Маратон“ од Струмица. Патеката со должина од 7,5 километри, според планинарот Митко Крмзов од „Маратон“ е од лесен карактер и е достапна за сите љубители на природата од 7 до 77 години. Обележувањето на патеката и изградбата […]