Денес во 09:51 часот во село Банско, Територијалната против пожарна единица на Струмица со едно возило и четири пожарникари интервенираше на гаснење на запален автомобил марка „опел“. Заради големата оддалеченост и лесно запаливите материјали пожарот бил во поодмината фаза и е ликвидиран за 5 минути по пристигнувањето на пожарникарите.