Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. Ова е повикот за мобилизација што вечерва од митинг во Неготино го упати д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. „После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации“, рече Филипче. Тој вели дека е свесен за разочараноста на народот и заморот на долгиот пат кон Европската Унија, постојаните барања и покрај сè што направивме. „Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. СДСМ е единствена партија која и&