Вчера во 10:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, струмичко, соошштија денеска од МВР. Тие се сомничат дека ноќта на 23.09.2023 извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети […]
Tags : Струмица
Денеска во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.В. од Струмица. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 со употреба на сила влегол во казино во село Босилово, струмичко и одзел пари, соопштија од МВР. По преземени мерки било дојдено до сознание дека тој е сторителот на делото, по што денеска бил […]
Со велосипедско дефиле по улиците во централното градско подрачје, во кое учествуваа ученици од основните и средните училишта, Општина Струмица денеска ја одбележа Европската недела на мобилност во соработка со Европската куќа Струмица и Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа година, темата гласи „Заштедете енергија“ која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија […]
Денеска во 02:15 часот, на улица „Васил Главинов“, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило. Пожарот бил во разгорена фаза при што е спречено негово ширење, а причинета е значителна материјална штета. Приодот до местото на пожарот бил значително отежнат поради паркираните автомобили на […]
Од денеска во Струмица и официјално започнува да работи новиот Центар за дневен престој на деца со попреченост, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика. Во центарот за децата со попреченост ќе се спроведуваат разновидни активности како и услуги со индивидуален третман. Услугите ќе ги спроведува здружението за поддршка во развојот и специјална едукација […]
Советот на општина Струмица на денешната седница донесе Одлука за изработка и спроведување на проект со кој општина Струмица ќе аплицира за добивање на неповратни финансиски средства на отворениот повик за инвестициски проекти од Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА меѓу Република Бугарија и Република Северна Mакедонија 2021-2027 година. Проектниот […]
Денеска во општина Струмица се поставени првите полуподземни контејнери од вкупно набавените 20. Два од нив се поставени кај големиот градски парк, каде што денеска беа и градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот и членови на Советот, директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев и други претставници од ова Јавно претпријатие. Во изјавата за медиумите, градоначалникот Костадинов потенцираше […]
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата. За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу […]
Струмица вечерва беше домаќин на отворената трибина Македонски труд – европска социјална политика во кампањата „Ние сме Европа“ којашто се одржа во Амфитеатарот во градскиот парк. Учесниците на трибината прв ги поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, кој во своето обраќање ги презентираше европските вредности кои Струмица одамна ги практикува. -Има ли поубаво место да се зборува […]
Со Центарот за дневен престој на лица со попреченост со вклучен индивидуален третман и Услугата индивидуален третман, општина Струмица ги збогати социјалните и инклузивните услуги, со што останува најинклузивната Општина во државата. Градоначалникот Костадин Костадинов, координаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, претседателот на Советот Марјан Даскаловски, […]