fbpx

Приведен крадец од Струмица кој украл 179 кутии цигари

 Приведен крадец од Струмица кој украл 179 кутии цигари

МВР соопшти дека вчера во 16:20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари.

Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link