„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Продолжија градежните активности на просторот во поранешната маларична болница
-По завршената тендерска постапка, продолжија градежните активности на просторот на некогашната маларична болница, објави градоначалникот на Струмица, костадин Костадинов.
-По расчистувањето на теренот, започнува изградбата на јавна површина за рекреација со надворешни спортски терени и паркинг со комплетна современа урбана опрема.Вкупната површина којашто сега се уредува има 2.800 метри квадратни за која од општинскиот буџет се издвоени 7.400.000 денари.Од срце за моите сограѓани во Турското маало, напиша струмичкиот градонаалник.