Полициски билтен:ќерка нападнала мајка, сообраќајки во Радовиш и Струмица
Полициски билтен:ќерка нападнала мајка, сообраќајки во Радовиш и Струмица

На 10.08.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода Р.Ј.Н.(46) со престој во Радовиш. Според пријавеното, таа во куќата во која престојува во Радовиш физички ја нападнала нејзината 72-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.08.2026 во 20:30 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.С.(47) од Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
На 10.08.2026 во ОВР Радовиш е пријавено дека во 16:20 часот на регионален пат од с.Ињево кон Радовиш, на место викано Горен пат, товарно возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(21) од село Ињево, радовишко, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ј.(22) од село Воиславци, радовишко, констатирани во Клиничка болница во Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Н.Н. Увид на местото на несреќата изврши екипа на ОВР Радовиш.
На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.