Семејна драма во струмичко село: Татко го турнал синот по скали

 Семејна драма во струмичко село: Татко го турнал синот по скали

Педесет и еден годишен маж од струмичко село е уапсен од полицијата откако било пријавено дека брутално го нападнал својот 19-годишен син.

Инцидентот се случил на 1 август 2026 година на терасата од семејниот дом, каде таткото физички го нападнал момчето и го турнал по скали. Младиот маж се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

По преземените мерки и постапувањето по пријавата, полициските службеници од СВР Струмица вчера попладне го лишиле од слобода осомничениот татко, а против него ќе следува соодветна пријава.

Share via
Copy link