На 20.07.2023, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.К.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник, информираа од МВР. Кај него бил пронајден паричникот, а биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешка кражба во здравствена установа во […]
Tags : Струмица
На 19-тиот меѓународен карневал во Врњачка Бања, Србија, чија интернационална поворка на 15.07.2023 година ја сочинуваа над 30 странски и домашни карневалски групи, учествуваа и двете карневалски групи, претставници на Струмичкиот карнeвал: СОУ” Јане Сандански” со маската Тик-Так”, и ООУ” Видое Подгорец” со маската „Струмичка корида “. Нивниот настап пред многубројната публика беше еден од […]
Имаме целосно разбирање за грижата на жителите на Струмичката котлина и на целокупната македонска јавност. За жал, долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикаа неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност. Како и досега, Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на […]
Активисти и граѓани денеска со блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ во Струмица го искажаа своето незадолство од спојувањето на концесиите за отворање рудник на локалитети во општините Босилово и Ново Село. Протестот се одржа под мотото „Заедно против рудникот“, а го организираше Здружението „Здрава котлина“ заедно со со други граѓански организации од регионот. Пред […]
Секторот за внатрешни работи Струмица информира дека на 15.07.2023 година во времето од 10.00 до 14.00 часот , поради одржување на мирен протест , СВР Струмица на подрачје на град Струмица ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа од СВР Струмица. Затворени за сообраќај ќе бидат булевар „Маршал Тито“, дел од булевар „Ленинова“ […]
Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на отворањето на првиот „Скејт парк“ во Струмица, сместен во спортско – рекреативниот дел од градскиот парк. Скејт паркот, кој беше изграден во предвидениот рок од шест месеци, опфаќа површина од 625 метри квадратни, а за негова комплетна реализација беа потрошени 6.200.000 денари, целосно обезбедени од буџетот на општина Струмица. […]
Во Струмица денеска беше отворен Клуб за деца и младинци со даунов синдром и нивните семејства, а кој е сместен во Повеќенаменскиот социјален центар во нашиов град и e резултат на отворениот јавен повик од програмата „V2“ на Општина Струмица на кој аплицираше Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од […]
Со цел за подобрување на јавната чистота ЈПКД „Комуналец“ Струмица в недела, 25 јуни продолжува со метење, машинско чистење, подигање на смет и миење на улиците во долниот дел од Струмица, поточно подрачјето помегу Ленинова, булевар Гоце Делчев и Климент Охридски. Се молат сите граѓани од овој реон кои имат секаков вид на отпад да […]
Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана. Лицата […]
Вчера во 14 часот и денеска во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од село Три Води, струмичко, соопштија денеска од МВР. Тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05.00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) […]