fbpx

Тања Милушева именувана за потпретседател на ФК „Беласица“

 Тања Милушева именувана за потпретседател на ФК „Беласица“

-Со одлука на одборот на ФК „Беласица“ за потпретседател на истоимениот градски фудбалски клуб од денес е именувана Тања Милушева, жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции ФК „Беласица“ повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал, соопштија денеска од клубот.

Во соопштението се додава дека за прв пат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател, која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социjално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница.

Share via
Copy link