fbpx

Известување од ЈП „Паркиралишта“ за проблемите со уличното осветлување на дел од улиците во горниот дел од градот

 Известување од ЈП „Паркиралишта“ за проблемите со уличното осветлување на дел од улиците во горниот дел од градот

Почитувани граѓани,

Во последните денови се појави проблем со уличното осветлување на неколку улици во горниот дел на градот. Како Јавно претпријатие одговорно за уличното осветлување, ве информираме за проблемите и причините коишто ги предизвикаа.

Првиот проблем е на улицата „Бетовенова“ со трафостаницата Олимписко село. Поради приклучување на диви потрошувачи на електрична енергија, уличното осветлување на дел од оваа улица не е функција.

Вториот проблем е трафостаницата Маларична којашто опфаќа дел од улиците „Крушевска Република“ и „5-ти Ноември“ и улиците „Димитар Влахов“, „Илинденска“, „Плачковица“ и „Славчо Стојменски“. Од ЕВН информираа дека во оваа трафостаница е насилно влезено и намерно е предизвикан дефект на делот за улично осветлување, изгорено и уништено е електрично броило. Најавија дека утре дефектот ќе биде саниран со поставување на ново електрично броило.

Апелираме до граѓаните кои на диво се приклучуваат на столбовите за улично осветлување и насилно и намерно предизвикуваат штети, да престанат да го прават тоа и да ги оставаат без улично осветлување граѓаните од горе спомнатите улици, во спротивно ќе бидеме принудени да превземеме посериозни чекори, односно, да ги ангаѓираме надлежните институции за нивно откривање и изрекување соодветни казни.

Share via
Copy link