fbpx

Струмичанец потешко повреден откако излетал на патот Струмица-Валандово

 Струмичанец потешко повреден откако излетал на патот Струмица-Валандово

На 25.01.2024 во 15:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ш.Џ.(63) од Струмица, управувајќи патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, излетал надвор од патот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link