fbpx

Уапсен бегалец од струмичкиот затвор, на „слобода“ извршил четири кражби

 Уапсен бегалец од струмичкиот затвор, на „слобода“ извршил четири кражби

СВР Струмица соопшти дека на 24.01.2024 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(27) од село Ангелци, струмичко. Тој бил барал со централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица, а при лишувањето кај него била пронајдена марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор признал дека во декември 2023 и јануари 2024 година на подрачје на Струмица извршил четири кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.  

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link