fbpx

„Планетум“ обучува средношколци од Струмица како да се справат со загадувањето на воздухот

 „Планетум“ обучува средношколци од Струмица како да се справат со загадувањето на воздухот

Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица денеска организираше работилница за обука за ученици од трите средни училишта како да се справат со загадувањето на амбиенталниот воздух во Струмица.

Еколошкото друштво ја организираше денешната работилница во рамки на реализицијата на проектот „Чист воздух, едуцирај и делувај!“, кој е финансиски подржан од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ како дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска.

Како што изјави Александар Лазаров од ЕД „Планетум“, кое годинава одбележува 25 години од постоењето, една од целите на овој проект е и поактивно вклучување на младите во справувањето со загадувањето на воздухот во Струмица. За постигнување на оваа цел ќе се спроведат повеќе активности меѓу кои  и едукација на младите за загадувањето на воздухот со суспендирани ПМ (2.5 и 10) честички, како и креирање на интерактивна мапа на загадувачи.

Инфомираше дека е планирано младите да изведат еден интересен флеш моб во центарот на градот со кој ќе се пушти порака за заштита на животната средина, односно за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Струмица.

Додаде дека ќе се набават и осум мобилни мерачи-детектори на загадувачи и дрон кој може директно да ја мери загаденоста на воздухот, а ќе се изработи и интерактивна мапа, преку која секој граѓанин со паметен телефон ќе може да го лоцира загадувањето и преку соодветна апликација ќе може да пријавува во Друштвото или директно кај инспекциите.

Обуката на средношколците ја спроведоа пртетставници на Географското здружение „Геосфера“ од Битола.

Share via
Copy link