fbpx

Тешко повреден возач во Валандово откако удрил во бетонски остров на булеварот

 Тешко повреден возач во Валандово откако удрил во бетонски остров на булеварот

Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на булевар „Првомајска“ во Валандово, патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, удрило во бетонски остров на булеварот, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ј.(54) од село Пирава, валандовско, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Share via
Copy link