Jугоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи
Тројца починати, 9 нови и 4 оздравени од Ковид-19 во Струмица
Во последните 24 часа направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 187• Куманово – 37• Kрива Паланка – 22• Штип – 20• Велес и Кавадарци – по 19• Битола – 17• Тетово и Кочани – по 16• Прилеп – 15• Охрид, Струмица-9 и Гевгелија – по 9• Неготино и Ресен – по 7• Берово – 5• Свети Николе – 4• Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3• Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2• Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г) и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: • Скопје – 158• Куманово – 14• Битола – 8• Велес – 7• Гевгелија – 6• Кочани, Струмица-4, Свети Николе и Демир Хисар – по 4• Штип и Пробиштип – по 3• Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2• Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395