Ристо Манчев ја презеде функцијата градоначалник на Босилово
Во општина Босилово официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник.Од денеска во служба на граѓаните, сите заеднички ќе чекориме кон модерна и просперитетна општина Босилово!, објави новиот градоначалник на оваа општина по денешното примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник, Зоран Зимбаков.
-Пред сите нас претстои многу работа, претстојат многу предизвици и обврски на кои што сме подготвени соодветно да одговориме. Потребите на граѓаните се на прво место и заедно ќе ги создаваме промените и проектите со кои ќе градиме нова иднина.Општина Босилово- општина за сите!, напиша Манчев.