Украл куче во Николиќ, па удрил со возилото во сопственикот кога бегал

 Украл куче во Николиќ, па удрил со возилото во сопственикот кога бегал

СВР Струмица денеска соопшти дека вчера во 20:00 часот на местото „Дојранска крстосница“, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода С.В.(57) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот во село Николиќ, општина Дојран, одзел куче од И.М.(64) од село Николиќ, а при бегство од местото со возилото го удрил оштетениот. 

Кај него било пронајдено одземеното куче и е вратено на сопственикот. 

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link