fbpx

Упатстви за како да обезбедите таг за патарините во Србија и Македонија

 Упатстви за како да обезбедите таг за патарините во Србија и Македонија

Како што е веќе објавено и познато, од 1 јули започна да функционира користењето на М-таговите во двете држави, односно нашиот таг во Република Србија, а српскиот во нашата држава, како придобивка на една од целите на Отворен Балкан за непречено движење и олеснување на патувањето помеѓу земјите од иницијативата.

Имено, корисниците на М-Таг уреди од двете земји на билатерално ниво, односно, граѓаните на  Србија кои имаат Таг купен во нивната држава можат да го употребуваат на наплатните станици во Северна Македонија (на кои функционира електронската наплата на патарина) и обратно, нашите М-Таг електронски уреди купени во нашата земја можат да се употребуваат во Србија.

Со тоа, со еден таг сега може да се поминува во двете земји без запирање на наплатните станици и се олеснува патувањето.

Сега сѐ што треба да се направи за да се активира услугата еден таг за двете држави е да купите М-таг и да се регистрирате на вебстраницата https://openbalkan-etc.com/mk/tag-registracija на која сега има опција и за избор на јазик, односно, регистрацијата да ја направите на македонски јазик.

Оние граѓани што веќе имаат М-таг сега ќе треба само да се регситрираат и да го внесат серискиот и верификацискиот број на купениот таг.

Од ЈП Државни патишта (ЈПДП) не известија дека наскоро ќе има и опција за избор на албански јазик за регистрација која е во подготовка.

Исто така, изготвено е и Упатство кое можете да го погледнете на следниот линк; Images/Open Balkan – корисничко упатство.pdf (roads.org.mk)

Инаку, во Северна Македонија продажните места за електронскиот уред М-Таг и понатаму се истите како и до сега, а тоа се сите наплатни станици на кои функционира електронската наплата на патарина, Продажниот салон во Контролниот Центар Петровец и Дирекцијата на ЈП за државни патишта во Центар, ул. Даме Груев бр.14 Скопје.

Од ЈПДП известуваат дека оваа услуга е во полна функција и дека автомобили со М тагови веќе поминуваат во Србија, а српските тагови поминуваат на наплатните станици кај нас, што говори дека проектната цел на Отворен Балкан е постигната и веќе зборуваме за една функционална придобивка помеѓу две соседни земји.

Извор: racin.mk

Share via
Copy link