Костадинов ја информираше Амбасадата на САД за проблемите со водата за пиење
Утре во Струмица посебен режим на сообраќај заради протестот против отворање рудник
Секторот за внатрешни работи Струмица информира дека на 15.07.2023 година во времето од 10.00 до 14.00 часот , поради одржување на мирен протест , СВР Струмица на подрачје на град Струмица ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа од СВР Струмица.
Затворени за сообраќај ќе бидат булевар „Маршал Тито“, дел од булевар „Ленинова“ помеѓу крстосниците од улица „24-ти Октомври“ и улица „Маршал Тито“, и дел од улицата „Моша Пијаде“ во правец од подземна гаража кон семафорите.
Сообраќајот во наведениот период ќе се пренасочува по споредните улици.