fbpx

Владо Милев спортист на Струмица за 2023 година

 Владо Милев спортист на Струмица за 2023 година

На синоќешнот избор за спортист на годината на Струмица за 2023 година беа доделени награди во десет категории, како и други признанија за заслужни спортисти, а во трите главни категории, за најдобри беа избрани: Владо Милев од ОК „Струмица 47&72“, за спортист на годината, ОК „Струмица 47&72“ за најдобрата екипа и Кире Ричлиев од ОК „Струмица 47&72“ за најдобар тренер.

Манифестацијата с одржа во организација на Општински сојуз на училишен спорт, а под покровителство на Општина Струмица.

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој имаше и свое обраќање пред присутните спортисти, спортски работници и гости. Тој меѓу другото истакна:

„Кога зборуваме за Струмица, спортот и традицијата, тогаш тука е и традиционалниот „Избор на спортист на годината“ кој претставува своевиден сублимат за достигнувањето на спортистите и спортските клубови во текот на една измината календарска година. Верувале или не, овој вечерашен избор на најдобрите во струмичкиот спорт за минатата 2023 год. е шеесет и прв по ред, што значи дека Струмица, цели шест децении и една година одозгора организира една ваква манифестација. А да правиш еден ваков избор, треба да има од што да избираш. Струмица имала, има и ќе има од што да избира бидејќе е еден од најголемите македонски спортски центри. Тоа треба да не прави среќни и неизмерно горди“.

Градоначалникот Костадинов го спомена и влогот на Општина Струмица за поддршка на струмичкиот спорт:

„Во рамките на редовната програма за спорт, од општинскиот Буџет за оваа 2024 година, обезбедени се преку 20 милиони денари. Сигурно ќе се согласите дека станува збор за финансиска поддршка за целосен респект, поддршка која овозможува непречена годишна реализација на вашите спортски планови и амбиции. Вие тоа несомнено го заслужувате“.

Share via
Copy link