fbpx

Во две сообраќајќи кај Валандово и Богданци тројца повредени

 Во две сообраќајќи кај Валандово и Богданци тројца повредени

На 17.06.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(35) од село Марвинци, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

На 17.06.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(62) од Богданци и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  З.М.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., а возачот З.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link