fbpx

Во организација на „НОВУС“ се одржа вториот ден од Мотивацискиот Викенд за Млади

 Во организација на „НОВУС“ се одржа вториот ден од Мотивацискиот Викенд за Млади

Втор ден од Мотивацискиот Викенд за Млади, каде се споделија многу искуства, практики кои отворија многу интересни дискусии за членството во Граѓанскиот сектор, Волонтерство во институции, Приватен сектор, Култура и Образование, информираат за од Центарарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица.

Говорници на настанот беа Јасмина Пијаманова, Миле Георгиев и Никола Делевски, а настанот го модерираше Александар Милушев.

На денешниот настан беа изложени и младинските кампањи за Силни и Гласни млади, кои самите млади ги подготвија за подигање на свестта дека и тие се значајни во заедницата. И исто така беше презентиран Прирачникот за позитивни и иновативни практики од Западноевропските земји каде младите учествуваат во процесите на одлучување, кои се изработија во рамки на проектот “Силни и гласни млади- здрава и перспективна заедница” кој го спроведува НОВУС Струмица, а е во рамки на “Проектот за младинско изразување” на Младински Образовен Форум кој го спроведува во партнерство со Младински Совет Крушево и Центар за Балканска соработка „Љоја“, финансиран од страна на Европската Унија.

Share via
Copy link