„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Василево започна изградбата на улицата покрај каналот
Денеска, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во населеното место Василево, изврши увид во стартот на градежните активности на улицата која води покрај каналот во ова населено место.
Планираните активности вклучуваат обележување и обезбедување на трасата, поставување на нов тампон, асфалтирање како и конструирање на потпорен ѕид.
Должината на улицата е 420 метри а ширината од 3,5 до 5,0 метри во зависност од состојбата и условите на теренот. Улицата започнува од спојот со постоечка улица во центарот на Василево, а се протега покрај каналот за наводнување и завршува 420 метри јужно од Василево, на делот од индустриската зона што се протега кон Добрејци и Струмица. Еден дел од улицата е веќе асфалтиран.
Улицата се гради во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.