fbpx

За 6 часа полицијата улови 81 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

 За 6 часа полицијата улови 81 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Вчера од 16:00 до 22:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Share via
Copy link