fbpx

„Лана“ и Факултетот за ветерина потпишаа договор за соработка

 „Лана“ и Факултетот за ветерина потпишаа договор за соработка

Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња „Лана“ од Струмица и факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје воспоставија соработка на полето на ветеринарната медицина, информираа денеска од Општина Струмица.

Договорот за соработка, денеска во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов го потпишаа директорката на претпријатието д-р Сузана Стојкова и деканот на факултетот професор д-р Лазо Пендовски.

Покрај практичната и теренската настава на студентите и едукација на вработените во Стационарот, соработката вклучува и изведување на дијагностички процедури и анализа на примероци од животни во лабораториите на факултетот, како и спроведување на здравствената заштита во Универзитетската ветеринарна болница.

Share via
Copy link