fbpx

Заев на средба со граѓани: Рудник во Иловица нема и нема да има, на ВМРО-ДПМНЕ профитот му е поважен од граѓаните

При вчерашната посета на Струмичкиот регион, претседателот Зоран Заев беше на средба со жителите на населеното место Иловица.

Со граѓаните, претседателот зборуваше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица – Штука.

Пред присутните претседателот Заев нагласи дека тој и СДСМ го одржаа зборот и затоа денеска во Иловица нема рудник кој би ја загрозил природата и животната средина.

– Кога во 2016 на парламентарните избори и во 2017 на локалните ја баравме вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска стојам пред вас и со гордост можам да ве погледнам затоа што зборот го одржавме. Струмичката котлина, нашиот Огражден ги спасивме од рудникот на смртта. Тешка беше таа борба, ја водевме со години, но верувавме дека ќе успееме и успеавме. Денес, вие граѓаните од Иловица, но и целиот овој крај можете да бидете горди што не дозволивте да се отвори рудник и што заеднички успеавме да ја зачуваме животната средина и оваа наша плодна земја, оваа наша прекрасна природа, порача Заев.

Тој се осврна и на ветуваањата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на рудници и нивниот пристап кон интересите на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ донесе сериозен проблем со концесиите за рудници. Тој проблем посветено го решававме со вас граѓаните и за целото тоа време, ВМРО-ДПМНЕ не само што не се извинија, не само што не признаа дека погрешиле пред граѓаните, туку го гледаме нивниот носител Игор Јанушев, пак рудници ветува, пак нови маки за граѓаните. Тоа само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ само профит ги интересира, не им се важни интересите и здравјето на граѓаните, заштита на природата, не, само профит и пусти пари им се важни. Е затоа ќе си останат во опозиција уште 4 години. Бидете спокојни, во Иловица рудник нема да има, заклучи претседателот Заев.

Share via
Copy link