fbpx

Загина сопатник на трактор, возачот тешко повреден

 Загина сопатник на трактор, возачот тешко повреден

Вчера во 11:00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атар на село Козбунар, радовишко, Л.К.(73) од село Штурово, радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираа денеска од МВР.

Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди бил пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Share via
Copy link