fbpx

Запален таван од куќа во Баница

 Запален таван од куќа во Баница

Вечерва во 19:40 часот во село Баница, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена таванска конструкција од индивидуална семејна куќа, информираа струмичките пожарникари.

Благодарение на брзата интервенција пожарот е успешно локализиран и ликвидиран со што е спречено неговото натамошно ширење и предизвикување поголеми штети.

Share via
Copy link