fbpx

Заради штрајк на грчките цариници утре и задутре не патувајте за Грција

 Заради штрајк на грчките цариници утре и задутре не патувајте за Грција

-Ве известуваме дека почнувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, информираа денеска од Царинската управа.

На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки.

Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

Share via
Copy link