Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Со овации и громогласен аплауз заврши „Концертот на добрината“ во Ново Село
-Со громогласен стоечки аплауз и овации заврши хуманитарниот настан „Од децата со љубов- Концерт на добрината“ кој кулминираше по завршната маестрална изведба на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, а на кој виртуозно нѐ воведоа прецизните и воодушевувачки талентирани членови на ВИС „Стихири“ од Струмица, соопштија денеска од Фондацијата „Елуеса“ преку објава на Тивериопол.мк.
Домот на културата „Јане Сандански“ во Ново Село беше претесен и преполн. Претесен да ја собере публиката, а преполн со емоција која може да ја разбуди само ритамот на македонскиот мелос, преку чалгиската песна и традиционалното оро. Во публиката присутни беа Митрополитот Европски г. Пимен, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, градоначалниците на Василево и Босилово, советници од општинскиот совет, пратеници.
Настанот го организираше Фондацијата „Елеуса“ која зад себе има организирано повеќе музички настани, но овој е прв од ваков вид, на приближуавање до руралните средини преку мостот на соработка меѓу ВИС „Стихири“ и учениците од насоката за традиционална музика и оро од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје. Сите средства собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за подготовка на велигденските хуманитарни пакети за жителите на општина Ново Село.