fbpx

Во Богданци се одржа „Априлијада“

 Во Богданци се одржа „Априлијада“

По повод 1 април, Денот на шегата, денеска во Градскиот парк во Богданци се оддржа традиционалната манифестација „Априлијада“.

Во програмата учествуваа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „Богданци“. Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци.

Наградени се следните маски:• Прво место – „Среќни жабички“ од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, Второ место – „Ролеркостер“ Vа одделение и Трето место – „Индијанци уд Бугданци“ IIa одделение од ООУ „Петар Мусев“ Богданци; ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и дечињата од Детската Градинка во Стојаково свое дефиле имаа во училишниот двор.

И овој пат дечињата и учениците им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци, роднини и граѓани.

Share via
Copy link