fbpx

Затворска казна од 15 месеци за возачот кој ја прегази Верица Белчовска

 Затворска казна од 15 месеци за возачот кој ја прегази Верица Белчовска

И.Ч. (18) од Струмица денеска во Основниот суд во Струмица е осуден на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровското село Русиново.

Судот го прогласи за виновен за  сторени кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Пред судот во Струмица обвинетиот ја признал вината, огласен е за виновен  и осуден на единствена казна затвор од 1 година и 3 месеци, информираа од Основниот суд во Струмица.

Инаку, сообраќајната несреќа во која загина Белчовска се случи на 7 април годинава на пешачки премин кај ТЦ „Глобал“.

По смртта на Верица, семејството Белчовски ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

За големиот хуман чин семејството доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.

Share via
Copy link