„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Заврши уредувањето на поројот „Крушевска Република“ вон урбаниот дел
Заврши уредувањето на поројот „Крушевска Република“ вон урбаниот дел, на потегот од транзитниот пат до вливот во реката Тркања, со што го решивме проблемот со атмосферските води, соопшти денес градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
-По ова, веќе можеме да го реализираме следниот проект – уредување, односно, покривање на дел од поројот во урбаниот дел.Јавниот повик заврши, во тек се законските постапки и рокови вообичаени за вакви повици се до конечниот избор на изведувачот кој ќе го реализира овој голем и значаен проект за нашата општина, напиша градоначалникот Јаневски.