„Здрава котлина“ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Ново Село
Интегрален текст од објавата на „Здрава котлина“
На 1 април 2025 година, еколошкото здружение „Здрава Котлина“ од Струмица поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, поради сериозни прекршувања на законите и загрозување на животната средина и јавниот интерес.
Пријавата, составена на 125 страници и поткрепена со обемна документација и технички докази, се темели на конкретни факти и укажува на организирано и систематско кршење на законите од страна на градоначалникот и негови соработници.
Оваа постапка е ветена од здружението веднаш по првите граѓански протести и особено по растечката репресија, која кулминира со поднесување кривични пријави и приватни тужби против граѓани за објави на социјални мрежи, како и со злоупотреба на јавната функција и оневозможување на јавни услуги. Ниту еден избран функционер не е над законот — и ова треба да биде пример за сите.
Клучни наоди и идни чекори:
Во процесот на обезбедување на докази беа откриени нови индиции за дополнителни незаконски дејствија. Во наредниот период ќе бидат поднесени нови кривични пријави за најмалку две сериозни кривични ситуации. Исто така, бараме:Вонредна и целосна државна ревизија на работењето на општина Ново Село — со посебен акцент на финансискиот и урбанистичкиот сектор, архивирањето и правниот промет;Поддршка за граѓаните кои се подложени на притисоци и нарушување на нивните права од страна на градоначалникот како носител на јавна функција и неговиот татко како соучесник во извршените нелегални дејства;Расветлување на злоупотребите што ги трпат сите кои не се согласуваат со политиките на градоначалникот и неговото блиско опкружување.
Суштински делови од кривичната пријава:
Пријавата е поднесена до следниве институции:- Републичко, основни и виши јавни обвинителства (Скопје, Струмица, Штип)- Сектор за економски криминал и корупција при МВР- Управа за финансиска полиција и финансиско разузнавање- Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)- Државен завод за ревизија (ДЗР)Пријавата опфаќа сериозни индиции за следниве кривични дела:1. Злоупотреба на службена положба (чл. 353)2. Фалсификување службена исправа (чл. 361)3. Компјутерски фалсификат (чл. 379-а)4. Употреба на исправа со невистинита содржина (чл. 380)5. Примање награда за противзаконито влијание (чл. 359)6. Злосторничко здружување (чл. 394)7. Бесправно градење (чл. 244-а)8. Перење пари (чл. 273)9. Даночно затајување (чл. 279)10. Злоупотреба на постапка за јавна набавка (чл. 275-в)11. Судир на интереси (Закон за спречување на корупција)
Главни аргументи и факти: Издавање дозвола за леарница за алуминиум, лажно класифицирана како лесна индустрија (Г2), иако реално претставува тешка загадувачка индустрија (Г1.3), со што е загрозена изворската вода за Ново Село, реката Струмица и животната средина во близина на с. Самуилово. Фалсификување документи, компјутерски измени и прикривање информации од јавен интерес. Репресија врз вработени, советници и активисти – преку мобинг, преместувања, тужби и инспекциски контроли. Ангажирање фирма чиј сопственик е неговиот татко и сомнителни авансни позајмици во повеќе трансакции над 500.000 евра пред издавање на фалсификуваната градежна дозвола – што укажува на судир на интереси и можно перење пари. Оневозможување јавен увид и јавни документи, укинување на преноси од седници – прекршување на транспарентноста и правото на учество на јавноста во процесот на носење одлуки поврзано со јавниот интерес за забрана на Г1 тешка загадувачка индустрија на помалку од 5 километри од населено место или заштитено подрачје.Овие дејства претставуваат тежок облик на злоупотреба на службената положба, со реални последици по здравјето, безбедноста и правата на граѓаните.
ЗОШТО ОВА Е ВАЖНО ЗА СИТЕ НАС?Ние, граѓаните, не сме само набљудувачи. Ние сме носители на демократијата. Она што денес се случува во Ново Село е опасен пример на локална диктатура, киднапирање на граѓанската волја од еден човек и неговиот татко, прикриена зад административни процедури и насилна тишина.Животната средина, водата за пиење, здравјето на децата, законитоста и транспарентноста – се директно загрозени. Молчењето нема да не спаси. Акцијата, солидарноста и пријавувањето на неправдата – ќе не ослободат.
АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ
Не молчете пред неправдата!Секој што има сознанија, сведоштва или документи поврзани со злоупотреби, корупција или притисоци — нека ги пријави до надлежните институции или преку здруженија кои се борат за јавниот интерес.Вашата храброст може да направи разлика.Секој доказ е чекор поблиску до правдата. Законот е на страна на вистината. Токму храброста на поединци доведоа до оформување на уште два предмети со висока корупција токму во оваа општина. А правото на чиста животна средина, здравје и правда е обврска на сите нас. Феудалното однесување на градоначалникот и неговиот татко си има граници на толеранција и ова нека служи за пример на сите!
АПЕЛ ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛОНе потпаѓајте под притисоци за незаконски постапки. Добивме детални информации и материјални докази за тоа како во општината се работи надвор од законот, со закани и под присила. Обезбедувањето на документацијата е веќе завршено и прекасно е за секаква интервениција на прикривање. Секоја понатамошна вмешаност може непотребно и сериозно да ве доведе во правна одговорност.
За доверлива комуникација и пријава контактирајте нè преку каналите на „Здрава котлина“.Борбата против корупцијата почнува со храброст!
Со почит,„Здрава котлина“ – Струмица