fbpx

Здружението „Еврохаб агенда“ почна со реализација на проектот „Социјален клуч за старт ап“

 Здружението „Еврохаб агенда“ почна со реализација на проектот „Социјален клуч за старт ап“

Здружение за одржлив развој „ЕВРОХАБ АГЕНДА“од Струмица во периодот од август до март, со финансиска поддршка од G1 програмата на ЛЕР од буџетот на општина Струмица, почна да го реализира проектот „ Социјален клуч за стар ап“.

-Преку овој проект имаме за цел да обезбедиме претприемачки пристап кон решавање на социјалните и еколошките проблеми во општина Струмица , да ги охрабриме и поддржиме развојот на новата генерација на социјални претприемачи во општина Струмица. Целна група проектот се 10 лица над 18 годишна возраст (мажи и жени ), директни корисници се лица во социјален ризик (лица со попреченост, стари лица, лица со интелектуална попреченост) и нивните семејства и локалната самоуправа. Генералната цел на проектот е вклучување на младите и долгорочно невработените мажи и жени за решавање на социјалните проблеми преку социјалното претприемништво, изјави Сашко Јованов експерт-обучувач за социјално претприемништво

Додаде дека разговарале за можноста и заинтересираноста струмичани бидат дел од школата за социјално претприемништво, која што има за цел да ги мотивира идните социјални претприемачи од Струмица да ги конципираат своите социјални идеи и развијат своите социјални бизнис планови.

Школата ќе се реализира во периодот февруари -март 2021 година, но претходно ќе следи отворен повик за сите заинтересирани идни социјални претприемачи.

Share via
Copy link